Премиерот Зоран Заев во интервју за БГНЕС најави дека Догооворот за добрососодство ќе го направи да биде закон и рече дека „длабоката држава“ останала во ВМРО-ДПМНЕ.

Според неговите зборови, „длабоката држава“ останала во владејачката пред него ВМРО-ДПМНЕ.

-Исполнувањето на Договорот со Бугарија ќе биде закон. Република Македонија ја потврди својата доверба кон Бугарија за да го штити нашето небо. Имаше голем притисок од Турција и од Италија. Но, ние рековме-извинете, прв сосед ни е Бугарија, затоа Грција и Бугарија ќе бидат двете држави, кои ќе ни го чуваат  небото, вели Заев.

И ветува:

-Јас како премиер во името на целиот македонски народ ја преземам обврската, спроведувањето на Договорот да биде за пример. Во прв ред, зашто така ќе му служам најдобро на својот народ, но, се разбира, и на пријателска Бугарија. Лично јас ја потврдувам нашата позициј за целосно спротивставување на говорот на омраза, кој итно треба да биде прекинат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.