Пред почетокот на Самитот на лидерите на Европската унија во Брисел, премиерот Зоран Заев преку „Твитер“ уште еднаш упати молба до европските лидери да ѝ дадат зелено светло на Македонија за да преговара за влез во Европската Унија.

Почитувани лидери на Европската Унија, немојте да ја гасите светлата ѕвезда кон која се стремиме. Немојте да станувате нашата пречка. Бидете нашите херои. Сработивме многу и спремни сме за уште повеќе работа и за соочување со сите предизвици што ги носи процесот, напиша Заев на „Твитер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.