Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев по работниот ручек со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Мофгерини и со лидерите од Западен Балкан, билатералната средба со европретставничката Могерини, како и средбата со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека Македонија има поддршка од претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск за храброто лидерство што води кон успешно завршување на политичките процеси во насока на отпочнување преговори со ЕУ во јуни 2019 година.
Премиерот Заев рече дека таква поддршка е изразена и од претставничката за надворешна и безбедносна политика, Могерини. На средбата со Могерини посебно е дадена поддршка за донесениот Закон за амнестија и е нагласено помирувањето како важно за успешна реализација на процесите, како и за граѓаните во државата.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, за работниот ручек што го организираше европската претставничка Могерини со лидерите на Западен Балкан, рече дека поминал со изразена заедничка согласност за решавање на билатералните прашања во духот на регионалната стабилност, при што било констатирано дека државите можат да си помогнат едни на други во процесите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.