Партиска делегација на СДСМ, предводена од Зоран Заев, заедно со генералниот секретар Љупчо Николовски, секретарот за меѓународна соработка, Бојан Маричиќ, и Калинка Габер од Комисијата за европски прашања на СДСМ, денеска се сретна со делегацијата на Европската комисија предводена од еврокомесорот за европска, соседска и преговори за проширување, Оливер Вархеи.

На средбата Заев истакнал дека Европската комисија отсекогаш ѝ била искрен и силен сојузник на Македонија во процесот на евроинтеграциите и изрази уверување дека тоа ќе продолжи и со новиот состав на Комисијата.

Правиме сè што е во наша моќ да ги реализираме сите потребни реформи. Активно се спроведува договорот од Преспа, како и договорот за добрососедство со Бугарија. Во измените на Изборниот законик се вградени и сите препораки од ОДИХР. Нашата цел е да испратиме порака дека имаме демократски капацитет и го ставаме во функција на граѓаните“, истакнал Заев.

Тој зборувал и за новата методологија за проширување на ЕУ изразувајќи надеж дека таа ќе биде фер и ќе се заснова на систем на заслуги.

Секој ден, секоја недела, секој месец е важен за реализација на реформите, кои се важни за нас и за ЕУ. Ја очекуваме новата методологија и веруваме дека таа ќе има фер пристап и ќе се вреднува единствено по мерит-системот. Наш главен мотив и натаму е ЕУ и таа нема алтернатива, сè што зависи од нас ќе биде сторено како што беше и досега. Почнувањето преговори со Македонија ќе значи и позитивен сигнал за целиот наш регион“, кажал Заев.

Еврокомесарот Вархеи пак истакнал дека новата методологија за проширување се подготвува и дека набргу ќе биде претставена пред земјите членки на Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.