Денеска сите ние сме горди на уште еден голем успех на нашата земја и на политиките за остварување на нашиот стратешки приоритет, тоа е членството во ЕУ. Амбасадорот Жбогар ни ја презентираше десетатта по ред позитивна препорака во Извештајот на Европската комисија за нашиот напредок кон ЕУ, вклучувајќи и препораки, препораки и за старт на преговорите односно за отворање на поглавјата. Денеска го добивме најпозитивниот извештај досега откако сме држава кандидат за членство, а тоа е 14 години, истакна премиерот Зоран Заев по врачувањето на Извештајот од ЕК од евроамбасадорот Самуел Жбогар во претседателската Вила Водно.

За чистата препорака на ЕУ, за почеток на преговори на членство, нагласи, се заслужни сите, Владата, Собранието, сите политички партии и групи кои се вградија во уставните измени и реформи, целото општество и граѓаните.

-Сработивме многу и имаме резултати. Со задоволство ги примивме сите позитивни оценки кои доминираат во Извештајот, но и со внимание ги прифативме сите забелешки што ќе ни помогнат да бидеме уште подобри и уште поуспешни, рече Заев.

Потсети на изјавата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан кој рече дека Република Македонија продолжува со реформскиот напредок и претставува блескав пример за останатите земји во регионот, но и за моќта на привлекувањето на ЕУ.

Нагласи дека заклучокот од минатогодишниот јуни бил силен поттик за сите во државата за да ја сработат својата работа.

-Големо беше охрабрувањето за нас политичарите и за граѓаните кога добивме признание за големите историски одллуки што ги донесовме. За остварените реформи и за големата улога што нашата земја ја има и ќе продолжи да ја има за промоција на пријателството и соработката во регионот, рече Заев.

Лани, додаде, добивме домашна задача и ни беше речено испорачјате вие, ќе испорачаме и ние.

-Ние и без тоа знаевме дека треба да ги завршиме реформите за да си изградиме држава по европски стандарди и за да овозможиме услови за подобар живот за сите граѓани. Испорачавме реформи и обезбедивме одлични односи со соседите по сите стнадарди, покажавме политичка зрелост и европски манири. Нашето време во чекалната го искористивме за да се подготвиме за преговорите за пристап. Денеска сме подготвени и политички и институционално и целосно како општество, рече Заев и додаде дека во скоро време ќе се комплетира и тимот за преговори, а при крај е и техничкиот подготвителен скрининг на сите поглавја.

Порача дека ги исполнивме нашите задачи од прва до последна и оти целосно сме подготвени за почеток на преговорите.

-Сега на потег се државите членки и институциите на ЕУ. На потег е Европа да испорача одлука што ќе ни ја донесе врз основа на нашите заслуги. Испораката има јасен став за старт на процесот на преговори кој е и во интерес на ЕУ, за улогата на ЕУ како глобален играч за нејзината надворешна политика и за идните перспективи на овој регион. Отворањето на преговорите за пристап во ЕУ е единствната гаранција за одржување на домашната стабилност и за одржување на реформскиот импулс во Северна Македонија со позитивни ефекти за целиот регион на Западен Балкан,потенцира Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.