Вечерва по полноќ се очекува од Тбилиси да пристигне Македонската фудбалска репрезентација на Меѓународниот аеродром Скопје.

Репрезентативците ќе бидат пречекани од оние на кои најмалку им е таму местото во ваков историски миг за Македонија – премиерот „на нашата земја“ Зоран Заев и првиот вицепремиер, „шверцерот“ Артан Груби.

Најголемите спортски успеси Македонија ги доживува во времето на СДСМ – втората европска круна на РК Вардар и првиот пласман на Европското фудбалско првенство на македонската репрезентација.

Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во својата историја обезбеди учество на едно големо натпреварување. Предводени од капитенот Горан Пандев, „црвено-жолтите“ вечерва во Тбилиси, во баражот за Европското првенство 2020, ја совладаа Грузија со 1:0.

Стрелец на победничкиот гол беше Пандев во 56. минута по одличната акција во која учествуваа и Елиф Елмас и Илија Несторовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.