Светски познатите „пpaнкepи“ Вован (Владимир Кузнецов) и Лексус (Алексеј Столјаров) објавија цел телефонски разговор, кој трае речиси цел час, во кој лажно му се претставуваат на македонскиот премиер.

Иако за еден телефонски разговор помеѓу функционери на држави постои посебен протокол, нешто што очигледно Зоран Заев не го знае, тој преку телефон издаде државни тајни и приватни разговори кои ги водел со нашите стратешки партнери ЕУ и НАТО.

Во дел од едночасовниот разговор со, како што мислел Заев, поранешниотукраински претседател Петро Порошенко, тој му го дава и приватниот телефон на еден од главните луѓе во САД, американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел.

Транскрипт од преведниот разговор:

„Порошенко”: Ве молам ако може да ми го дадете бројот на Вес, не го имам бројот или го имам погpeшниот

Заев: Вес Мичел?

„Порошенко”: Да

Заев: Сега, само 1 секунда +1… ете го мобилниот телефон.

„Порошенко”: Ок ти благодарам многу господине премиер, ви благодарам за овој разговор.

Заев: Може ли да ми го дадете вашиот мобилен господине претседател, а потоа јас ќе ви испратам порака да се поврзам со вас.

„Порошенко”: Не е пpoблем

Заев: Да

„Порошенко”: +3…Ете го мојот мобилен број. И можете да ми се јавите. Најпрвин може да ми пишете на месенџер или Ватсап.

Заев: Сега ќе ви испратам порака да се поврземе.

„Порошенко”: Одличен разговор, господине премиер. Ми е драго. И ви посакувам се најдобро, многу успех на референдумот и идните политички активности и полтичка иднина.

Заев: Ми беше чест да разговарам со вас господине Порошенко.

„Порошенко”: И мене. Не заборавајте сега мора да ме викате само Петар Македонски.

Заев: Океј. Петар Македонски. Ви благодарам многу, ми беше чест. Чао, чао.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.