Изборната парола на ДУИ за прв премиер Алабанец e комплетно популистичка политичка стратегија и националистичка порака, која била присутна во времето на Груевски и Ахмети, вели лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Миа. Сепак не исклучува можност за постизборна коалиција со ДУИ, доколку партијата се откаже од ова условување.

Прв услов за предизборното коалицирање со БЕСА бил заборавање на национализмот.

„Со БЕСА имавме три недели речиси секој ден по неколку часа разговори додека ги усогласиме сите ставови, политички и програмски определби. Денеска имаме заедничка програма, која што се вика „Можеме“ и таму зборуваме за сите вредности. Прв услов беше да го заборавиме национализмот, да ја промовитраме еднаквоста во општеството, борбата за секој и неговите права, комплетно се работи за млади луѓе, кои се комплетно растеретени, нормално најголем дел се од албанската етничка заедница или речиси се целосно од албанската етничка заедница и сакаат за својата заедница еднаквост и рамноправност и во правата и во обврските, вели Заев во интервјуто за МИА.

Очекува победа на изборите, па дури и поддршка за формирање на една стабилна коалиција, но не исклучува можност и за коалицирање со други партии, а во постојана комуникација за можна постизборна коалиција се со Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Целото интервју со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со видео материјалот, МИА ќе го објави утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.