Лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека и самиот тој, како и граѓаните, е незадоволен од правниот систем, но рече дека за да имало побрза правда требало тој да се јавува и да нарачува пресуди, како што се правело претходно, на маршот на СДСМ наречен „Чекориме за правда“.

„Вие граѓаните со право сте незадоволни од правниот систем. И јас како индивидуа, но и сите ние во СДСМ не сме задоволни од испорачаното во однос на правната држава, затоа решивме дека ни е потребно правосудство кое ќе ја носи правдата, а правосудство кое што застарува предмети. Можеше да има и побрза правда, ама требаше Заев да се јавува по телефони за да наредува пресуди. За тоа ли се боревме? Се боревме против политичари кои се јавуваа и нарачуваа пресуди. Ние го ослободивме судството и да знаат тие судиите и обвинителите дека го ослободивме судството, ама будно го следиме“, кажа Заев.

На судиите, обвинителите и на поротниците им рече да се ослободат и дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски не им можат ништо.

„На вас е почитувани судии и обвинители да ја испорачате правдата“, рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.