Македонскиот премиер Зоран Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров во интервјуа за два германски весника ја потенцираат важноста на добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ оваа година, пренесува „Дојче веле“.

Во пресрет на утрешниот состанок на ЕУ министрите за надворешни работи, весникот „Ханделсблат“ го пренесува оптимизмот на премиерот Заев дека неговата земја ќе добие позитивна одлука.

Очекувам позитивни и јасни заклучоци кои ќе утврдат дека годинава ќе ги започнеме преговорите за членство и со тоа ќе добиеме една дополнителна мотивација за реформскиот процес во Северна Македонија. Во 2025 или 2030 да станеме членки на ЕУ. Не знам. Прашање е кога ние ќе бидеме подготвени за Европа, и кога Европа ќе биде подготвена за нас. Обете страни се важни. Најважно е дека реформите на тој пат ќе бидат од корист за земјат, вели Заев за Ханделсблат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.