Заев можеби си купил уште некој месец мир, но сега или потоа одговорност ќе има, порача Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција по повод лидерска средба, која траеше до раните утриснки часови. Лидерот на опозицијата порача дека соочување со правдата е неизбежен процес.

Планот на Зоран Заев е да не се постигне договор, дојде за овие преговори да немаат успех. Човекот има план Ц кој гледаме дека го туркаат по секоја цена, односно предметите од СЈО да ги пренесат во ЈО, вели Мицкоски.

Споре Мицкоски вчерашната лидерска средба се случувала во три дела, од кои првиот бил реферирање од страна на работниоте групи од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за досегашниот тек на разговорите поврзани со законот за ЈО, со акцент на начелниот договор од 30 август.

Веднаш по првата пауза, Зоран Заев даде предлог кој јас ќе се обидам да го пренесам. Предлогот содржеше неколу точки. Прво, формирање на ЈО за висока корупција, како второ ова обвинителство ќе биде на исто ниво со Обвинителството на Русковска за организиран криминал и корупција, а обвинителот кој треба да го предводи ова Обвинителство, треба да биде на предлог на најголемата опозициона партија, во случајов ВМРО-ДПМНЕ. Трето, покрај надлежностите кои ќе ги има, откако ќе ги превземе 10-те помошници на Катица Јанева во сопствените редови, ќе биде придодадена и надлежноста за гонење на криминал на лица кои се избрани или именувани. Четврто, да има заштитна клаузула која вели дека во одреден временски период ако власта не го прифати предлогот на опозицијата за лице кое ќе го предводи ова Обвинителство, тогаш Советот на јавни обвинители да избере лице од овие 10 кои што би преминале од СЈО во новото обвинителство за гонење на висока корупција, пренесе Мицкоски.

Вака, додаде тој, власта практично ќе биде охрабрена никогаш да не го прифати предлогот на опозицијата и со политички притисоци и влијанија кои потоа би избрале обвинител од редот на 10-темина.

Понудата на Заев беше ново СЈО водено од еден од 10-темина помошници на Катица Јанева како офанзивна алатка, Обвинителство кое ќе го води Русковска како дефанзивна алатка и сето тоа управувано и раководено од Јовевски, истакна Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.