На сите млади во Република Северна Македонија им го честитам Меѓународниот ден на младите – 12 Август!, напиша премиерот Зоран Заев денеска на „Фејсбук“.

Младите се силата на нашето заедничко општество, за да се развива во духот на европските вредности и за да продолжиме напред со интеграциите во ЕУ и НАТО. Перспективите за напредок, кариерен развој и квалитетен животен стандард на младите овде, во нашата убава земја, се наша заедничка цел и заедно работиме тоа да го оствариме, наведува Заев во честитката

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.