Македонското знаме гордо се вее пред седиштето на НАТО заедно со знамињата на останатите 29 членки.Ова е реализација на деценискиот стремеж на генерации наши граѓани, ова е потврда за успешноста на тешките, но и храбри чекори што ги преземавме, напиша лидерот на СДСМ Зоран Заев на Фејсбук.

Република Северна Македонија полноправна членка на најголемиот и најсилен воено безбедносен сојуз.

Оваа историска вест во вакви тешки околности ни дава дополнителна мотивација да се избориме со здравствените и економски предизвици од коронавирусот и потоа да продолжиме да работиме уште посилно за нашите граѓани, за нашата држава

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.