НАТО е реалност, ЕУ интеграцијата ни е на дофат ако останеме на прогресивниот автопат кој води до демократски и европски стандарди и вредности. Македонскиот идентитет е признаен, верификуван и бетониран како никогаш претходно, порача во видео обраќање претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

-Бадијала ве плашат! Клучните историски факти за македонската нација нема да бидат предмет на политичка ревизија. Нацијата никогаш не ни била поцврста и попризната. Ние бараме и наоѓаме решенија на децениските проблеми, но на принципиелна основа и согласно европските фундаментални принципи. Нашето право на самоопределување никој не може и не смее да го оспорува, кажа Заев.

Според него ова е моментот кога треба да се обединиме и да погледнеме напред, заради сегашните и генерациите кои доаѓаат.

-Народе мој, почитувани сограѓани, видовте како работи Влада која не ги дели луѓето, нагласи Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.