За економските мерки што ги предложи и кои наидоа на големи реакции во јавноста, претседателот на СДСМ Зоран Заев нагласи дека  политичарите имаат одговорност, да соопшуваат и лоши вести за да граѓаните ги дочекаат „на нозе“.

Мораме да ги поддржиме работниците, економијата и фирмите зошто доминантно тие го полнат буџетот.Во такви околности мора да имаме рамномерна распределба на товарот, но Владата е таа која ќе одлучи за мерките. Сепак, очекувањата од наплатата на приходите се меѓу 30 и 40 проценти, така што ќе ни фалат 60 проценти. Мора да кратиме, да штедиме се што не навлегува во приватната потрошувачка. Околу 30 отсто од  буџетот е милијарда и 300 милиони евра. Буџетот е лист хартија, а реалните пари ги нема во него. Предложените мерки не се благопријатни за сите, но се благопријатни за стопанството. Заедничкото солидарно пребродување на трошоците мора да го направиме. Еден дел треба сите да понесеме на плеќи. Затоа, политичарите мора да бидат подготвени и да соопштуваат непријатени вести. Лесно им е на тие од другата страна да се прават фраери, да излегуваат со популистички изјави, порача Заев.

На прашањето дали СДСМ ќе ги повика ДУИ да го поддршжат предлогот на Рената Дескоска да не се исплатат парите од Буџетот во политичките партии, Заев изјави дека се надева дека другите партии ќе го следат примерот на СДСМ.

-Парите не треба да доаѓаат во политичките партии, туку кај граѓаните. Да ја зголемиме приватната и јавната потрошувачка. Драго ми е што СДСМ се откажа од своите пари. За другите партии треба сами да кажат. Верувам дека и другите ќе бидат солидарни, рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.