Oсумтемина „независни“ пратеници и Беса го демантираат Зоран Заев дека „бомбата“ објавена од Антонио Молошоски е снимана од некој од нив и дадена на поранешниот пратеник, додека Алијансата за Албанците на Зијадин Села пак, воопшто не сака да биде инволвирана.

Според Заев, снимката која Милошоски ја добил од свиркач е автентична и најверојатно станува збор за некоја од средбите на која тој разговарал со независната пратеничка група или со партиите на Албанците за Законот за ЈО.

Не станува збор за средба на која биле пратеници од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Не е точно дека некој од нас го снимал разговорот и го дал на Милошоски, изјави Нола Исмајлоска Старова за „Плусинфо

Од партијата на Зијадин Села за порталот велат дека не гледаат причина тие да бидат инволвирани во политичка битка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Не коментираме бидејќи во изјавата Заев не ја апострофира Алијансата за Албанците, велат од Алијансата.

Фадил Зендели од Беса е категоричен дека некој од нивната партија го снимал разговорот и е укажувач.

Апсолутно не. Никој од Беса не се занимава со нелегално снимање и доставување на такви снимки. Не се занимаваме со такви работи. Лично јас бев на разговорите со Заев за Законот за јавното обвинителство. Таму каде што јас учествувам во разговори ни случајно не може да се случи такво нешто, дециден е Зендели.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.