Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска на централниот настан на караванот „Најдоброто за мојата општина“, кој се одржа во Крушево, говореше за сето она што во градот е направено изминатите четири години, нагласувајќи дека во Крушево денес се унапредени условите за живот.

-Во Крушево се рехабилитираше регионалниот пат Крушево – Пуста Река. Овој регионален пат е во должина од 15 километри, за првпат откако е изграден после 40 години. Се реконструираа и патиштата кои водат до соседните општини Долнени и Кривогаштани. Крушево доби мултифункционална спортска сала. Денеска во Крушево се унапредени условите за живот, истакна Заев.

Тој најави дека Крушево ќе добие и нов водоснабдителен систем, со што ќе се надмине проблемот со слабиот притисок во летните месеци. Нагласи дека се работи на овој проект, добиени се еколошките согласности и вети оти ова прашање ќе се реши.

Заев вети дека ќе продолжат и со рехабилитација на патиштата за Крушево да биде уште подобро поврзано со другите градови и населени места и додаде дека ќе инвестираат во секој проект што значи унапредување на инфраструктурата и привлекување туристи во текот на целата година.

-Затоа Крушево на 17 октомври ќе победи со 12 уште во 12 часот. И нема да застанеме тука. Крушево е македонската гордост. Со својата разноликост на култури и традиции Крушево е Македонија во мало. Град кој ја задолжил македонската историја и затоа мораме да инвестираме во неговата иднина. Токму тоа ќе го правиме во следните четири години преку проектите во програмата на Томе Христоски зад кој застануваме и ние како СДСМ и како коалиција „Најдоброто за мојата општина“, нагласи Заев.

Тој истакна дека во следните четири години е предвидено овој град целосно да се гасифицира, со што ќе се придонесе за заштита на природата и ќе доведе до намалување на трошоците за загревање на домаќинствата.

Заев нагласи дека СДСМ ја предводи Владата и најголем број од нашите македонски општини и додаде дека тоа се четири години на успеси на локално, на централно и на меѓународно ниво.

-На меѓународен план ја вративме државата на вистинскиотм пат, ги решивме отворените прашања со соседите и да го зацврстивме македонскиот идентитет, станавме 30 земја членка на НАТО, се вративме на патот на интеграција кон ЕУ. Дома, ги вративме слободата и демократијата, ги отворивме институциите, го подигнавме животниот стандард на граѓаните, реализираме капитални инвестиции што го унапредуваат квалитетот на живот. На локално ниво инвестиравме во проектите што живот значат за општините и граѓаните. Изградивме и реконструиравме над 1.000 километри патишта. Изградивме 60 детски градинки, реконструиравме, изградивме нови 80 училишта, 34 болници, 20 домови на култура, театри, општински згради, изградивме објекти и проекти вредни повеќе од 500 милиони евра, истакна Заев.

Тој посочи дека СДСМ се посветува на помош на општините и силни инвестиции во инфраструктурата.
-Општините беа во долгови до гуша, ги раздолживме со 50 милиони евра и заеднички реализиравме над 7.000 локални проекти. Инфраструктурата е моторот на економскиот развој.Затоа во изминативе четири години посебна грижа водевме за локалните патишта и инфраструктурата во општините. Градевме одговорно. Со нас нема грешни проекти како оние што ги наследивме од режимот затоа што ние градиме законски, градиме одговорно за да трае, да им служи на граѓаните и на идните генерации. Градиме да ја модернизираме државата во секоја општина да донесеме поквалитетни услови за живот, порача Заев.

Пред прусутните се обрати и кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Томе Христоски, кој порача дека 17 октомври и бројот 12 се симболи, кои означуваат развој, раст, проекти, решенија и успеси.

-Овие броеви значат продолжение на она што го работевме изминатите четири години. Во изминатите четири години реализиравме над шест милиони евра во проекти, ја реконструиравме спортската сала и ја проширивме нејзината намена во авантуристичка понуда, потоа горната училишна зграда, а обезбедивме и средства за реконструкција на кровот и салата на ОУ „Никола Карев“, изјави Христоски.

Најави дека во новиот мандат ќе се изгради уште еден објект, а ќе се работат и на изградба на авантуристичкиот парк, напоменувајќи дека иднината е во активниот туризам.

-Затоа вложуваме во параглајдерството, во велосипедските патеки, во поставување на карпи за искачување. Во Крушево организиравме едно светско, две европски и седум меѓународни првенства за параглајдерство и змајарство, истакна Христоски и додаде дека ќе работат на училиштата во Саждево, Бучин, Пресил, Морово.

Носителот на листата, Андреј Николоски истакна дека е огромна честа е огромна да се претставува СДСМ и да се предводи идното мнозинство во Советот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.