Суетен новинар, медиумски непријатели, ова се дел од епитетите што премиерот Заев ги користи кога им се обраќа на новинари – критички настроени кон Владата без разлика што јавниот интерес е пред се.
На пример телевизија Алфа.
Но не е само Заев. И заменичката во неговата партија и актуелна министерка за одбрана Шеќеринска, си дозволи да биде иронична кога го гледа микрофонот на Алфа, па по линијата на нејзиниот шеф да ни залепи шпекулантски епитети.
Но ваквите атакувања не завршуваат тука. Има тенденција да добијат поинаква форма, правно врамена, за сега само како предлог план за борба против дезинформациите и лажните вести. Така го претстави премиерот. Во него е предвидена владина група или тело составено од претставници на државни институции кое ќе чешла што се а што не се лажни вести. Без можност медиумите да добијат учество. Од новинарите веднаш доби прашање дали позадинската намера на ваквиот план е чистење на интернет просторот или поткупување на одредени медиуми? Одговорот секако беше оти медиумите ќе го имаат главниот збор. Но очигледно нема да можат да ја сервираат информацијата ако таа не и одговара на власта.
Заев додека беше во опозиција зборуваше за неопходност од слободни медиуми и жестоко го критикуваше- режимот- како што велеше, за третманот на новинарите. Истовремено, тврдеше дека Алфа и неколку други му се непријатели… Прашањето е во што е разликата?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.