Премиерот Зоран Заев денеска во 12 часот ќе се вакцинира на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“, информираат од Владата.

Засега нема информации со која вакцина ќе се имунизира премиерот.

По вакцинирањето се предвидени изјави за медиумите пред влезот на спортската сала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.