По средбата со вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, македонскиот премиер Зоран Заев на својот фејсбук профил напиша:

На средбата со амбасадорот Рикер го потврдивме интересот за интензивирање на економска соработка помеѓу Северна Македонија и САД, но и за заложбите за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот.

САД го отпочнаа процесот на ратификација на нашето членство во НАТО кој очекуваме да заврши оваа есен. За нашата земја е од исклучителен поттик поддршката на САД во нашите аспирации за членство во ЕУ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.