Премиерт Зоран Заев нема конкретен план до кога ќе биде раководител на Министерството за финансии. Ова тој го посочи на денешната собраниска седница, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска.

Немам конкретен план, но веројатно не подоцна од тогаш кога заедно сите ќе одлучиме дека одиме на избори, a тоа е секако 100 дена пред редовни избори кога се формира техничка влада. Ако вашиот претседател е слободен за избори и јас ќе бидат слободен за избори да работиме на подобра програма и промоција, но веројатно дури и порано ако се создадат услови во зависност од намерите за реализација на одредени политики.

Намерата е да вака неповторлив период, драгоцен за државата како и за сите земји кога станувале членки на НАТО и започнувале преговори со ЕУ, да го искористиме до максимум за благодет на граѓаните, да почувствуват економски ефекти. Верувам дека со растот на економијата може да се донесат сериозни одлуки со импакт на граѓаните, рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.