Премиерот Зоран Заев за време на зимскиот одмор во Германија ќе користи службено обезбедување, соопшти прес-службата на Владата. Оттаму додаваат дека трошоците му се платени од негова приватна сметка.

Претседателот на Владата е во приватна посета на Германија и користи слободни денови. Сите трошоци за авионски билети, хотелско сместување и сè поврзано со престојот се целосно во приватна режија покриени од страна на премиерот Заев. Заедно со премиерот во согласност со законите по службена должност е присутно и обезбедување, гласи потврдата што ја доби „Фактор“ од прес-службата на Владата.

Засега нема потврда во кој туристички центар ќе зимува Заев, но се претпоставува дека тој нема да му откаже верност на скијањето како негова омилена туристичка активност.

Во минатото беше чест посетител на скијачките терени во Маврово и Бугарија, а лани со своето семејство беше во Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.