-Многу побрзо од што мисли, Зоран Заев ќе одговара за начинот на кој ги уценуваше пратениците да гласаат за промена на уставот, преку обвиненијата за случајот „27 април“ – порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во неговото вечерашно гостување во емисијата „Јади Бурек“ на Телевизија Сонце.

Во однос на случајот „27 април“, Николоски истакна дека за него тоа е очигледно монтиран случај и со самото тоа што со него се уценуваа пратеници, се потврдува дека е монтиран.

-Од 5 пратеници кои беа обвинети, двајца не гласаа за промена на уставот, тоа покажува дека осумтенимина можеле да постапат и поинаку. Тие кои гласаа целиот живот ќе си го носат тој товар на себе. – рече Николоски

Потпретседателот на опозицијата додаде дека и тој како и сите останати го осудува насилството за случајот, но дека за уцените кон пратениците Заев ќе одговара многу побрзо од што мисли. Во исто време, Николоски рече дека треба да има помирување, а пресудите говорат дека Заев е мал човек.

-Се потврди дека Заев е мал човек кој не успеа да се издигне над себеси и тргна во одмазда – рече Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.