Премиерот Зоран Заев е сигурен дека ќе обезбеди двотретинско мнозинство кое е потребно за да се донесат уставните измени. Тој најави дека ќе се сретне со Биљаљ Касами од Беса, како и со претставници на Алијансата за Албанците.

На новинарско прашање дали се сретнал со Касами за да разговара за поддршката за уставните измени, тој не даде конкретен одговор и рече дека очекува со сигурност дека 80 пратеници ќе гласаат за уставните измени на седеницата закажана за 12 јануари.

Ќе следи дебата по амандманите, што ќе трае три дена. Ќе сторам сè што е во моја можност да го истуркаме овој процес. Оптимист сум дека ќе имаме 2/3 мнозинство. Ќе се сретнам утре со Касами и ќе разговараме за важни прашања. Беса и Алијансата за Албанците се располжени да ги поддржат интеграциските процеси- рече Заев.

На новинарско прашање кога ќе влезе Македонија во НАТО, Заев рече дека очекува тоа да се случи во февруари.

Негов став е да нема предвремени парламентарни избори и најави дека ќе разговара со коалиционите парнери, ама и тие не верува дека се за избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.