Владата на Република Северна Македонија денеска, во свечената сала ќе ја одржи втората седница.

На седницата, како што информираат од владината прес служба, премиерот Зоран Заев на министрите ќе им ги предаде мандатните писма со утврдената мисија и задачи во нивниот мандат.

Воведниот дел на седницата може да се следи и преземе од Јутјуб каналот на Владата или од фејсбук страницата на премиерот Зоран Заев.

За заклучоците од седницата ќе информираат со соопштение по нејзиното завршување

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.