Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе ги посетат повредените граѓани во страотната сообраќајна несреќа што се случи вчера во близина на село Ласкарци, а кои се сместени во ГОБ „8-ми Септември“.

Како што соопшти владината прес-служба, потоа премиерот Заев ќе присуствува и ќе се обрати на Комеморативната седница во чест на загинатите граѓани во сообраќајната несреќа што ќе се одржи во Општина Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.