Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за Канал 5 ја исклучи можноста по изборите да има нови рестриктивни мерки за да се стави под контрола корона вирусот. Според Заев кај нас не се очекуваат поголеми осцилирања во бројот на заразените и поради тоа нема причина да се обновуваат  мерките.Тој сметаше дека верските празници придонеле за овој раст, но дека не држат критиките дека Владата требало да ги забрани собирањата за Велигден и за Рамазан бидејќи тие слободи се гарантирани со Устав.

Во врска со забелешката дека на власт дојде со паролата „Нема правда, нема мир“, но дека на тој план не постигна тоа што се очекуваше, па така зошто би верувале граѓаните дека сега ќе го оствари тоа, Заев рече дека законите за обвинителството и судството се донесени и патот за реформи е отворен, најавувајќи дека првите сто дена ќе го почнат процесот на прочистување на судството за што ќе се формира специјална комисија која ќе вклучи и меѓународни експерти.

На прашањето како гледа на Катица Јанева од денешна перспектива и дали се кае што и дал поддршка,  Заев рече дека и покрај сите опструкции СЈО поднесе 18 обвиненија, заврши многу истраги и предистраги и поради тоа имал доверба во нејзината работа, но сега секако е разочаран.

Имаа 78 отсто рејтинг во период, тие беа надежта за правдата. Но, јас не ја губам надежта ни денес бидејќи предметите се преземени. Катица е виновна што била толку наивна, што влегла во толку глупости. Како можев јас да проценам дека станува збор за криминалец и да речам  стоп. Беше храбра, но беше беше наивна и навлегла во незаконски дејствија, рече Заев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.