Претседателот на Владата Зоран Заев во интервјуто за МИА вели дека со отворањето на овој случај се демонстрира јасно и недвосмислена борба против организираниот криминал и корупцијата и се враќа довербата во правната држава и во владеењето на правото.

Законот мора подеднакво да важи за сите без разлика за кој се работи. Во случајот веќе има двајца осомничени, а како што слушнав од медиумите е конфискуван и телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за да утврдат дали постои конекција меѓу неа и првоосомничениот. Поради тоа што се работи за високо позиционирана личност тоа дава мотив за секаков вид политичкки шпекулации. Според мене, Јавното обвинителство треба да каже дали таа е злоупотребена во целиот овој процес или инволвирана во овој процес. Тоа е коректно да се каже, бидејќи се злупотребуваат секаков вид на аругменти за да некој прави политички конструкции или слично, рече Заев.

Нагласи дека отворањето на овој случај дека земјата има организиран систем којшто си ја врши својата работа. Тој упати апел до други бизнисмени доколку биле таргет на рекет да го пријави во ЈО за да може да се добијат сите докази и аргументи што ќе ја даде целата слика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.