Вицепремиерот на Бугарија Красимир Каракачанов некогаш премногу ја сака Македонија, ама на погрешен начин, рече Зоран Заев во вечерашното интервју за ТВ Стар говорејќи за проблемот со Бугарија.

Каракачанов ми е добар пријател. Јас знам дека тој ја сака Македонија. Некојпат премногу ја сака, ама на погрешен начин. Треба да ја сака, тоа е убаво. И јас ја сакам Бугарија, рече Заев на прашањето како ја коментира изјавата на Каракачанов дека сакал Заев да победи на изборите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.