Има информации дека пратеничката Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени, дали е тоа точно и дали го загрозува двотретинското мнозинство, е едно од прашањата на кои премиерот Зоран Заев одговараше.

Не знам за ниту еден пратеник. Пратеничката Елизабета Канческа Милевска е координатор на новата пратеничка група и таа е длабоко влезена во процесот на разговорите за сѐ. Работи буквално како нас во Владата, креаторите на амандманите. Знам дека знае за сите детали, секако одлуката ќе ја носи лично таа, нејзината пратеничка група, секој пратеник поединечно, па и вкупно сите 120 пратеници, па и очекуваните 80. Не можам да кажам дали без еден пратеник ќе има 80 или не. Не знам дали ќе бидат 80, дали 79, дали 82, дали 78. Никој тоа не може да го каже – рече Заев на денешната прес-конференција.

Јас верувам дека самиот процес на разговори кој тече дава можност да веруваме дека ќе се обезбедат најмалку 80 пратеници. Тоа е конечната цел и затоа дискутираме. Ако тоа не беше важно ќе одиме директно, ќе се гласа, ќе се донесат одлуките и на крајот ќе видиме дали има две третини или не. Лично верувам дека ќе се обезбеди. Останувам оптимист затоа што ги знам и оние причини кои сега се процес на дебата, тие не се од таква суштина за да загрозат ваков процес, но не е неважна. Мораме да бидеме внимателни за сите аспекти, додаде премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.