Овој викенд во Софија се одржуваат тајни средби помеѓу македонски бугарски владини претставници.Ова досега Заев не го негираше.

Според нашите информации се разговара за договор за јазикот, историјата, идентитетот и народните херои при што македонските владини претставници биле договорени да попуштат во црвените линии и ги прифатат бугарските максималистички барања, обзнануваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека Заев ги продава државните интереси на тајни средби додека во Македонија ја замајуваат јавноста.

Алармираме Заев и неговата влада во заминување да не и прават штета на државата и ниту еден договор кој ќе биде штетен нема да помине и нема да биде прифатен од ВМРО-ДПМНЕ.Македонија не е на продажба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.