Заев ја врати Македонија во најлошите години од транзицијата КОВИД-19 силно ја погоди Македонија, преку мерките како ограничување на движење, нарушени синџири на снабдување и продолжена неповолна епидемиолошка состојба негативно влијаеја и врз така веќе нарушената економска состојба.

Задоцнетите и неефикасни мерки кои власта ги донесе за помош на погодените граѓани и стопанството од КОВИД-19 не помогнаа. Како резултат на тоа, земјата денес се соочува со најдлабока рецесија во изминатите две децении, со влијание врз сите сектори на економијата, па економската активност се предвидува да се намали за 4,1 процент во 2020 година, тоа дури и го потенцираше и Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во земјава.

ЕКОНОМСКА КАТАСТРОФА

Јавниот долг до крајот на годинава ќе ја пробие психолошката бариера и ќе биде над 60 проценти од БДП. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за задолжувањето вели дека се надминува границата од Мастришките критериуми од над 60 отсто од БДП. Тој на официјалниот профил на Фејсбук напиша дека „Должничкото сценарио станува драматично, додека Владата нема капитални проекти, а ги троши парите на граѓаните. Економијата на Заев блеска со порази, неспособност и криминал. Го достигнаа историскиот максимум во задолжувањето, исто како и во кризата и неспособноста на било која влада до сега“. Министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за Радио Слободна Европа рече дека на краток рок е можно зголемување на јавниот долг. „Во период на криза, кога нема раст на БДП, нема приходи, а има сериозни потреби за расходи, тогаш едноставно решение е задолжување на краток рок, но на среден рок ќе се стабилизира висината на долгот“, вели Бесими. Сиромаштијата во изминатиот период беше закана за околу 450 илјади луѓе или 21 процент од населението во Македонија, но поради кризата предизвикана од КОВИД-19, на македонското општество му се заканува опасност од зголемување на бројот на граѓани кои што ќе осиромашат. Симулациите на Светската Банка предвидуваат дека стапката на сиромаштија ќе се зголеми на околу 20-23% во 2020 година споредено со 17% во 2019. Тоа значи дека од 55.000 до 130.000 Македонци ќе западнат во сиромаштија.

МАКЕДОНИЈА СЕ ВРАЌА ВО 1994

Потпрестедателот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во петок на собраниска седница укажа дека македонскара економија ја чекаат тешки години, а за тоа главен виновник е влада на Заев. Со вториот ребаланс предвиден е дефицит од 8,4 проценти кој е највисок од 1994 година до денес. Значи ова е дефицит кој е највисок по дефицитот на слом на македонската економија која се случи во мрачната транзиција кога преку 300 илјади луѓе останаа без работа, а олиграхијата на СДСМ за без пари ги зема фабриките во секој град и село. А, на тоа се сеќаваат повозрасните генерации. Николоски појасни дека Владата и Заев планираат да потрошат илјада денари, од тие илјада денари од приходи ќе соберат нешто повеќе од 900, значи за 100 денари ќе се задолжат од банки со камата и од други меѓународни кредитори, а кај народот за помош во задржување на работни места и слично ќе вратат само 82 денари.

Значи Заев троши илјада денари, но на народот враќа само 82 денари. „Значајно прашање се и буџетските расходи или колку ќе троши владата. Вкупните расходи во ребалансот два, односно вториов ребаланс се за 162 милиони евра повисоки од првиот ребаланс и се на ниво на 4 милијарди и 112 милиони евра. Внимавајте оваа година владата со вака амбициозна претпоставка предвидува дека ќе се реализираат приходи од 3 милијарди и 191 милион евра, додека расходите треба да бидат 4 милијарди и 112 милиони евра односно дупка во Буџетот од околу 960 милиони евра историски највисока дупка во Буџетот. Дупка која треба да ја плаќаат граѓаните“, рече Николоски на собраниската дебата за ребаланс на Буџетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.