Лидерот на СДСМ, Зоран Заев планира целосно да ја укине позицијата заменик-претседател на партијата што во моментот ја извршува Радмила Шекеринска, пишува „Фокус“ повикувајќи се на информации од високи партиски извори.

Како што пишува порталот, Заев одамна решил ваква измена. Тоа треба да се реализира со промена на статутот на претстојниот партиски Конгрес каде ќе треба да се избере и нов Централен одбор.

Иако последните статутарни измени оставаат можност за избор на најмногу 4 потпретседатели, најавите одат во насока дека ќе бидат избрани тројца потпретседатели, при што секој бил со одредени специфични задолженија.

Функцијата заменик-претседател беше воведена на последните внатрепартиски промени во 2013 и оттогаш единствениот човек кој ја извршувал е Радмила Шекеринска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.