Честитајќи им го на Свети Сава на припадниците на српското малцинство, премиерот Зоран Заев најави враќање на српскиот јазик како изборен предмет во училиштата во Македонија.

„Одиме и чекор понатаму и ги враќаме наставните програми за изучување на српскиот јазик и култура за што се одобрени наставните програми од трето до шесто одделение, а во постапка на одобрување се наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение, за разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ во 2007 година ја укина можноста српскиот јазик да се изучува како изборен предмет“, вели премиерот Заев

Исто така, Заев најави изградба на Српскиот културен центар во Скопје и на Македонскиот културен центар во Белград.

И додека се враќа српскиот јазик како наставен предмет, се укинува историјата…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.