На радио Лидер во емисијата ,,Филибастер” гостуваше Александар Пандов  претседател на патриотскиот институт на ВМРО ДПМНЕ кој истакна дека  Зоран Заев со штетниот договор со Грција ја брише историјата на Македонија но дека сега уште поопасно е што се тргува со Бугарија и се турка стратегијата на Бугарија дека Македонците и Бугарите се еден народ поделен во две држави.

Зоран Заев со договорот со Грција ни е избришана историјата , ние немаме никакво право на антика Античка Македонија да спомнеме но она што е уште поопасно е дека од 6 тиот век се тргува со Бугарија дека безмалку ние сме еден народ се оди на нивната стратегија на нивното мото така да речам еден народ поделен во две држави истакна Пандов.

Пандов потенцираше дека изјавите на премиерот Заев оделе во тој правец да се прикаже дека Македонија со Бугарија има заедничка историја и дека имаат  ист јазик. Пандов кажа дека ваквите штетни договори по Македонија ќе бидат поништени и  дека не се прифатени од страна на ВМРО ДПМНЕ.

Зоран Заев дури повеќе даваше изјави токму во овој правец дека ние сме еден народ дека имаме ист јазик дека имаме иста заедничка историја и слично. Сето тоа он и на сила нешто сега ако успее во нареден период да протурка треба да му биде јасно не и на него на било кој останат дека со доаѓањето на ВМРО ДПМНЕ на власт дека сето тоа ќе биде поништено и дека тоа нема да биде прифатено како такво заврши Пандов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.