До кога ќе го пуштате девојчево дома да си оди расплакано?, пишува новинарот Александар Митовски од „Инфомакс“ на „Фејсбук“, објавувајќи дека според неговите информации вчера дошло до препукување помеѓу Зоран Заев и министерката за финансии.

Вчера, имало состанок во просториите на Министерство за финансии на кој присуствувале министерката Нина, гувернерот Бежовска, Зоран Заев (во кое својство, не ми е јасно) и еден банкар. Состанокот поминал тензично, расправијата била на висок тон, а Нина добила низа на навреди и закани. Навредите се однесувале на нејзиниот интелект, и тоа дошле директно од Заев.Расправијата пак, била поради недостатокот на средства во буџетот. Заев бил исклучително нервозен поради состојбата во која се наоѓа буџетот, а за тоа ја обвинувал Нина. Поради недомаќинското и неодговорно работење во буџетот нема доволно пари за спроведување на третиот сет мерки кои ги планирал Заев (повторно, во кое својство не знам). По овој состанок, Нина си заминала расплакана. Правда за Нина!, напиша Митовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.