Денеска пред Собранието на Македонија се одржа протecт на роднините и пријателите на иcчeзнатите Пинета Секондо Пино и Арбен Аслан. Пино и Арбен се исчeзнaти веќе подолг период, а нивните роднини и пријатели протecтираат поради како што велат неажypноста на МВР во пронаоѓањето на нивните најблиски. Таткото на Арбен и мајката на Пино пред камерата на Инфомакс истакнаа дека воопшто не се задоволни од начинот на кој полицијата работи на нивните случаи и во повеќе наврати изразија сомнеж дека можеби некој одвнатре работи нивните деца да не бидат пронајдени.

На прашањето дали можеби имаат контакт со Зоран Заев и двајцата одговорија потврдно. Мајката на Пино, Маја Трпковска истакна дека контактирала, а набрзо откако тоа се случило била приjaвена од страна на Зоран Заев во полициja за вознемирување. Очигледно Заев излaжa и дека дневно одговара на преку 4 илјади пораки со оглед на тоа што луѓето кои се обидуваат да побараат помош од него тој ги пријавува во полициja.

-Контактирав, ме пријави, имам приjaва од господинот Заев, затоа што му праќав пораки на Вибер и не одговараше на моите пораки на Вибер. И господинот Заев на човекот кој плаќа даноци му праќа приjaви. Требаше да земам една копија да си ја урамам и ставам во дневна. Јас имам најубав документ, најубава пријава од господинот Заев, наместо да ми рече госпоѓо мајка сте ја сум родител, ако можам ќе ви помогнам, тој мене ме приjaвува за вознемиpyвање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.