Владата на својата интернет-страница ги објави нето-платите на вработените во кабинетот на премиерот Зоран Заев, но и на надворешните соработници.

Највисока плата има поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, кој како советник за национална безбедност заработува 74.618 денари. Платите на другите советници се во просек од 55.000 денари.

Во новиот состав на советници не се српските државјани Зоран Башановиќ и Александар Обрадовиќ, а го нема и Џезар Шаќири. Љубе Бошковски останува во кабиентот на премиерот како советник за странски инвестиции.

Меѓу личните советници на листата остануваат Дане Талески во секторот за меѓународни односи, Тања Чачарова Илиевска за правда, Љупка Цветковска за администрација, Фидан Колев за транспорт и врски, Зоран Бојаровски за медиуми, Ѓорги Тасев за млади и спорт, Иванна Хаџиевска Кошевалиски за меѓународни односи, Леон Бакрачевски за промоција на евроатлантските интеграции…

Меѓу надворешните соработници најплатена со 50.000 денари е Нина Фити-Неделковска, ќерка на професорот и академик Таки Фити.

Од надворешните советници на списокот се и Раде Јанковски за спречување на корупција во граничното работење, Магбуле Амети за здравство и Татјана Стојаноска Иванова за образование и наука.

Претходниот состав на советници броеше 56 лица.

Листата на советници на следниот ЛИНК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.