На вчерашната политичка дебата меѓу лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, премиерот неколкупати беше фатен во лага. Една од нив е и тоа дека без никаков приговор и постојано ги слушале препораките од Комисијата за заштита од заразни болести при носењето на владините мерки во борбата против ковид.

Неодамна, претседателот на Комисијата, Жарко Караџовски јавно ги искритикува дека не ги послушале околу препораките, особено во делот со дозволата за одржување на свадби и веселби во затворен простор, директна причина за силниот и смртоносен четврти бран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.