Со нула корупција и криминал, нема добро здравство, нема добра економија, нема високи плати, нема одлично образование, нема култура којашто сакаме денеска да ја создаваме и живееме, нема социјална правда, нема правичност од било каков карактер. Затоа сме решени да опстоиме на тој пат.

Изјави денеска премиерот Зоран Заев и, што би рекол народот, „остана жив“. Откри зошто мора да има корупција. Без корупција, смета тој нема добро здравство… нема добро образование, нема добри плати…

Овој негов лапсус се случи на денешната пресконференција, кога заедно со министерот Љупчо Николовски наводно објавија „војна“ на кopyпцијата во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.