Имавме успешна посета на Брисел, порача премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“. Заедно со владината делегација, додава, имавме јасна мисија да ја пренесеме пораката од македонските граѓани до официјалните претставници на ЕУ дека работевме напорно, испорачавме и дека сакаме да и го дадеме нашиот фер-удел на иднината на Европа.

Постои многу силна поддршка за одржување на првата меѓувладина конференција на Cеверна Македонија и ЕУ, изјави високиот ЕУ претставник за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел, денеска после заедничката средба. Тој нагласи дека нема поддршка за раздвојување ниту во институциите на ЕУ, ниту меѓу земјите-членки и како што кажа „Македонија ги исполни потребните услови за започнување на пристапните преговори и слично како и Албанија заслужува да продолжи во следната фаза од процесите без одложувања“.
Не бараме повеќе од она што заслужуваме, а тоа е да се одржи првата меѓувладина конференција што е можно поскоро, што беше признаено како заслужено и потврдено од март 2020 година. Cеверна Македонија ги исполни своите обврски и сега е време ЕУ да ги испорача, пишува Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.