Премиерот Зоран Заев во порака објавена на неговиот „Фејсбук“ профил вели дека има доволно аргументи да се убеди францускиот претседател Емануел Макрон дека проширувањето на ЕУ може да оди заедно со промената на методологијата на преговарачкиот процес за прием на нови земји членки.

Имаме аргументи за да види претседателот Макрон дека предлогот „методологија пред проширување“ може да се трансформира во „проширување заедно со промена на методологијата. Ние не сме само стратешки интерес, ние сме Европа. Тоа значи дека ќе станеме полноправна членка на ЕУ откако целосно ќе се реформираме внатре, а за тоа ќе ни помогне пристапниот процес и затворањето на поглавјата, наведува премиерот Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.