Лидерот на СДСМ, Зоран Заев соопшти дека договорил соработка за локалните избори со претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

На својот фејсбук-профил Заев објави дека СДСМ и ДПА ќе соработуваат и реципрочно ќе се поддржат во повеќе општини.

Со цел за граѓаните да ги обезбедиме најдобрите градоначалници и советници на кои служењето на народот им се главна цел и определба. Во некои општини соработката ќе ја реализираме во прв круг, а во други општини во втор круг. СДСМ продолжува ја гради и развива најголемата и најдобра коалиција за локалните избори во октомври – објави Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.