Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шекеринска, актуелната министерка за одбрана и заменик-претседателка на СДСМ ќе бидат носители на изборни единици, соопштија двајцата денеска на заедничка прес-конфренцијата.

Се координираме со коалиционите партнери. Секако дека ќе имаме жени носители на единици, еве можам да кажам дека јас и Радмила Шекеринска ќе бидеме носители на изборни единици“, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Двајцата кажаа дека во секоја изборна единица ќе има по двајца носители на листи – маж и жена.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.