Помина прославата на Денот на независноста а со тоа неминовно почнаа коментарите но и споредбите како се славеше 8 септември изминатите години.

За време на вчерашната прослава Скопје беше под опсада целиот ден. Граѓаните не можеа да се вратат од работа, блокирани беа централните булевари а градскиот превоз одеше по изменета рута.

Главната прослава се случуваше на улицата пред Собранието каде како во времето на прославите на Тито продефлилираа пожарникари, земјоделци, војска, полиција и играорни групи.

Од свечената ложа сето тоа го гледаше државниот врв на чело со Артан Груби и Али Ахмети, а тука беа и Заев и Пендаровски.Додека групите дефилираа главните во државата им аплаудираа и им отпоздравува.

Публиката на церемонијата беше посебна приказна. Ако помисливте дека обичен народ ќе можеше да дојде и да се израдува на празникот, се лажете.Присуство околу Собранието беше можно само со претходно барање и одборување.

Дури и вработените во администрацијата се повикуваа преку вибер групите да дојдат на прославата. Но, никој не можеше да се доближи до Заев и Пендаровски туку столчиња беа распоредени долж булеварот се до Градската болница.

Ова не е првпат Пендаровски и Заев да избегаат од народот.Истото се случи и за Илинден кога за првпат еден претседател не одржа говор. Вчера говор имаше, но народот се држеше на безбедна дистанца, дури до ГТЦ.

Како се славеше 20 годишнината од независноста

На сите им е останато во сеќавање прославата на 20 годишнината од независноста на Република Македонија.Тогаш на плоштадот се собрааа десетици илијади граѓани дојдени отсекаде и уживаа во концертот на најголемите македонски звезди.Столчиња и тараби тогаш немаше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.