Зоран Заев и неговите Црвени кмери останаа сами, се најдоа на непознат терен и аздисани почнаа со рекети, уцени, грабежи, корупција, непотизам од размери кои Македонија ги нема видено кај ниедна влада досега. Заев и Црвените кмери се денес во жива кал, колку повеќе мрдаат и претаат пропаѓаат се подлабоко. Пред некој ден видов дека во Скопје повторно дошол еден од нивните белградски советници кој ги водеше во време на создавање на кризата и хистеријата но, доцна е – пишува новинарот Драган Павловиќ Латас во својата последна голумна.

Тој посочува дека нивниот криминал е метастазиран. Тешко дека сега може да се применува познатата формула: штом влезеш во скандал или криза нарачај од СЈО апсење, притвори и снимај за народ да се забавува и да не мисли на власта. Мефисто, душа продадена на ѓаволот за да се дојде на власт. Власта ја добија, сега ѓаволот доаѓа по своето.

-Обидот Заев себе и кримосите околу него да ги претстави како наивни е смешен и навредлив за јавноста. Не треба новинарот да знае кои се Кики, Боки, Фрики… туку Заев треба да ги именува, а тој во паника и нервоза плус им се заканува на новинарите со судења! Објавува и декларација против криминал еј, тоа е нивна работа и обврска а не некакво мислење, декларација.

Власт се трета година, богати како да се сопственици на силни европски компании, арогантни садисти кои три години уживаа во туѓи прогони и несреќи од нив лично нарачувани. Ни случајно не се наивни. Не, тие се корумпирана власт на заминување – пишува Латас.

Што следи? – вели Латас.

Прво, следи кавга и поделба во кампот на СДСМ. Не крадеа сите, оние кои имале чесни намери сега се жртви на туѓите рекети, корупција и непотизам. Иљадници кои маршираа по улици за поддршка на Заев и СЈО сега се аморфна маса манипулирани луѓе кои се бесни на Заев и Катица Јанева, но и бесни на самите себе.
СЈО заминува, државниот обвинител Јовевски е исто така пред заминување а судиите веќе не им се плашат. Нивните невладини и медиуми без авторитет се соочуваат со беспарица. Главните алатки на овој режим почнаа да откажуваат – посочува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.