Актуелниот премиер Зоран Заев е упорен со својот став дека претседателот Ѓорге Иванов не смее да аболицира. До Кабинетот на претседателот Иванов минатата недела пристигна барање од дел од осудените во случајот „27 април“ за нивно аболирање, по што премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска побрзаа да го протолкуваат Законот за помилување како што им одговара и да излезат со идентични изјави дека претседателот нема право непосредно да помилува според членот 11 од Законот за помилување, туку дека постапката оди преку Министерството за правда, поради тоа што членот не бил „оживеан“ и дека во предизборието на претседателските избори нема право да помилува.

Членот 11 од Законот за помилување не постои, тој е укинат и не може да се делува по него. Постапките се водат преку правда и тие може да стигнат до претседателот на РСМ, но не може да се водат за време на избори. Мандатот на претседателот Иванов е до 12 мај, така што не очекувам никаква аболиција од негова страна.“ – изјави Заев.

Дали Заев е тој што треба да толкува закони и уставни одлуки?! Дали тој се става над уставните судии, над Уставот?!

Дали Заев има право да зборува за аболиција, кога и самиот е аболициран?1 Зошто аболицијата не му пречеше во 2008 година кога самиот тој е аболициран за криминал тежок 8,5 милиони евра кој му се ставаше на товар?!


Во 2008 година градоначалник на Струмица, Зоран Заев беше аболициран од страна на Претседателот Бранко Црвенковски. Заев, на 17 јули 2008 година беше осомничен за злоупотреба на службената положба при изградба на трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, и беше уапсен заедно со уште петмина соработници.

Но, случајот беше затворен по аболицијата од тогашниот претседател Бранко Црвенковски, со која Заев и неговите соработници биле пуштени на слобода.

Во Кривичниот суд нема пристигнато никакво барање за аболиција. Иванов може да поднесе, а дали е законски или не. Доколку претседателот донесе законска аболиција, судот е должен да ја почитува, доколку пак е незаконска, тогаш тоа е работа за обвинителството. Ако биде донесена аболиција, судот тогаш ќе се произнесе и ќе проценува по неа – изјави Иван Џолев – претседател на Кривичен суд.

Поранешната судијка на Уставен, која важи за блиска довласта, Наташа Габер, во 2016 година тврдеше дека со одлука на Уставниот суд, од истата година, членот 11 од Законот за помилување, се враќа на сила.

Уставниот суд е на мислење дека членот постои

Мислењата на правни експерти и политичари, носители на високи државни функции за последиците од Одлуката на Уставниот суд, се спротивставени. Професорот по казнено право Гордан Калајџиев смета дека правните правните аргументи се поделени и врзани со политички врски.

Мислам дека во овој случај правните аргументи не се пресудни. Правната јавност е поделена. Повеќето теоретичари, вклучително и јас, сме на мислење дека со укинувањето членот 11 не може да се врати. Меѓутоа, тоа е само правно мислење. Тука се авторитети како професорот Шкариќ, но Каракамишева смета обратно. Овде е важно дека во системот Уставниот суд е на мислење дека членот постои, а исто смета и Собранието, и би требало во една нормална држава, ако сме ние нормална држава, ставот на Уставниот суд, кога се работи за прашања од Уставот, да биде врвен авторитет, па дури и кога не им се допаѓа мислењето на професорите, смета Калајџиев.

Ако е така како што смета Калајџиев и други домашни и странски експерти, односно дека со укинување на Законот, Уставниот суд нема надлежност да го „оживее“ избришаниот член 11, тогаш по која основа би бил надлежен за „умирање“ законски одредби?!

Во прилот на тоа дека членот 11 постои одат повеќе факти, а ќе наведеме дел.

  • Законот со кој тој е избришан, е укинат од Уставниот суд!
  • Во Законот за дополнување на ЗП од 2016 година се воведува и нов член 11-а, а не се врши пренумерација на останатите членови, како што би било доколку законодавецот утврдил дека членот 11 се смета за избришан.
  • Членот 11-а е конскевентен и конзистентен на политиката утврдена со членот 11. Со него се утврдува ексклузивно право на претседателот на државата за поништување на своето, веќе дадено помилување и тоа без учество на Министерството за правда во постапката!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.