Од денеска лидерите на двете најголеми политички партии во Македонија, Христијан Мицкоски и Зоран Заев се во самоизолација, откако е потврдено дека еден телевизиски новинар е позитивен на коронавирус, соопшти денеска на вонредната прес-конференциија министерот за здравство Венко Филипче.

Лидерите на двете најголеми политички партии во нашата земја, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација, по информацијата која ја доби Министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на Ковид-19 вирусот. Тој новинар во текот на минатата недела имаше ТВ интервјуа со лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Наодот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски е негативен, тој нема Ковид-19, но во наредните 14 дена ќе остане во самоизолација, а денеска се чека резултатот од тестирањето на Заев, бидејќи тој доцна синоќа се вратил во Струмица, дополни Филипче.

Како што кажа министерот за здравство новинарот е на лекување во ГОБ „8 Септември“ и неговата состојба е добра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.