Во исчекување на резултатите од изборите за Бундестагот во Германија, во германската амбасада во Скопје на иста маса се најдоа лидерите на двете најголеми партии во Македонија Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Наместо жешка политичка дебата, овој пат атмосферата е порелаксирана за лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а покрај нив е германската амбасадорка Анке Холштајн.

Дел од македонскиот политички врв и дипломатите вечерва во Амбасадата на СР Германија го следат исходот од изборите, после кои во Бундестагот ќе биде избран новиот канцелар на Германија, наследник на досегашната канцеларка Ангела Меркел која оваа функција за извршуваше во последните 16 години.

Според анкетите СПД води со 26 проценти од гласовите, а коалицијата ЦДУ/ЦСУ има 24 отсто од гласовите.
СПД успеа да го подобри резултатот од претходните парламентарни избори за повеќе од пет проценти, додека ЦДУ/ЦСУ загубија поддршка од речиси девет проценти.

Извор: Слободен печат

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.