Премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во ТВ дуелот на Канал 5 повикаа на масовна вакцинација на населението.

– Сега има доволно вакцини и треба сите да поттикнеме масовна вакцинација секако кај граѓаните коишто сакаат тоа да го направат и секако колективното здравје да го заштитиме – тоа е одговорна политика. Дајте да бидеме поодговорни, барем ние политичарите за да поттикнеме поголема одговорност, заради тоа што тоа е единствениот пат да ја совладаме оваа проклетија од пандемија која за жал однесе многу човечки животи и само на тој начин да се вратиме во нормалното, нагласи Заев.

Според него, Владата и надлежните прават се што можат со тие капацитети што постојат во државата да ја менаџираат ковид кризата. Благодарение на лекарите и целиот здравествен систем, рече Заев, спасивме илјадници животи.

– Тоа што го правиме ние го прави цел свет, истото го правиме. Се консултираме со сите, кои се нови методи, најнови терапии секојпат се обезбедиле, не се штеделе средства, обвинувања за провизии се надвор од секој памјет, набавивме евтини вакцини, ги преземавме сите можни чекори час поскоро да се најдат вакцини, здравествените работници да ги заштитиме…, рече Заев додавајќи дека причината за најголем дел од починатите е дека имале по најмалку две хронични болести.

Премиерот истакна дека секојпат ги слушале експертите во однос на мерките. Додаде дека летово ги попуштиле мерките (конкретно за свадбите), бидејќи бројот на новодијагностицирани бил многу мал. Истакна дека поддржува мерки кои ќе поттикнат поголема вакцинација кај населението.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, ние сме на дното на справувањето со кризата, а на врвот со луѓе кои го загубија животот. Посочи дека Владата ги прифаќала мерките кои тие ги предложиле, но со задоцнување.

– Кога велевме и нудевме мерки, истите тие мерки ги прифаќаа со задоцнување кога животот кога ќе го изгубеа десетици граѓани, рече Мицкоски, додавајќи дека предупредиле дека ќе дојде до делта варијанта на вирусот во земјава и дека ќе има нов бран.

За жал, во тој момент, како што рече, немаше слух од надлежните. Нагласи оти е шокиран од тоа што вината се префрла на граѓаните.

– Во регионот каде луѓето имаат сличен менталитет вие да водите со два, три пати поголема смртност, што е поразилчичен менталитетот на луѓето во Македонија до луѓето во Албанија, Сбрија, Босна и Херцеговина…, вели Мицкоски.

Ги повика сите кои сакаат да се имунзиираат по пат на вакцинација, а сите останати, како што рече, имаат свое право на своето тели и својот живот. Рече дека втората доза на вакцина треба да ја прими во среда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.